Доверба во буквална смисла на зборот!

Од денес почнувам со нов режим на исхрана, имам потполна доверба во мојот тренер дека ќе ослабнам
Зборував со пријателката – имам потполна доверба дека ја зборува вистината!
Моето дете никогаш не ме лаже, имам потполна доверба во него!
Забарот вели дека треба да ги обелам забите, му верувам дека е во право!

Ова е нашето секојдневие, свесни или не свесни постојано некому даваме прилика во споделувањето на нашите најитимни моменти, да биде дел од нашиот свет во кој креираме иднина, лекција или потврда на сопствените одлуки.

Овие денови често размислувам за довербата. Секако дека сум размислувала и пред пандемијата, но сега ми се наметнува прашањето околу искреноста во намерите на луѓето односно повеќе во делот на вистината во она што го кажуваат. Денес ситуацијата е алараматна веројатно по нивото на лажни вести кои се пласираат насекаде во време на глобална пандемија. Од друга страна довербата веројатно е на многу високо ниво и посебно значајно кон оние кои се стручњаци од областа која го загрозува нашето постоење, медицината на пример. Во ситуации кога одучуваме другите да донесат одлука за нашето здравје сигурно е дека не станува збор само за доверба во комуникација и доверба во кредибилитет туку и на очекуваното човечко однесување кое e базирaно на претпоставки со оглед на моралните стандарди.

Секојдневно комуницираме и укажувaме доверба кон многу луѓе, можеби несвесно и даваме можност на довербата кога го слушаме различното мислење од нашето, а уште повеќе ако поверуваме дека постои искрена намера во кажаното. Значи и вистината и довербата се во нераскинлива врска, но зошто тогаш е нејасно кому да му веруваме, а кому не? Најчесто го врзуваме со нашето искуство или евентуалните убедувања кои ги носиме со себе. Но дали постои нешто во што веруваме безусловно?


Добербата и меѓусебното почитување клуч за општествен и деловен развој, колку овие вредности се денес загрозени?

Со сите големи промени кои ни се случија во последно време вкучително и оваа најголемата пандемиската, во општеството конфликтите сѐ повеќе се зголемуваат и се загрозува културата на доверба и меѓусебно почитување.

Сите болести како здравствени, општествени, економски па дури и расипаниот автомобил потекнуваат од една причина, а тоа е дезинтеграција. Можеби ретко размислуваме дека интеграцијата е решение на сите проблеми, но интеграција кај луѓето е невозможна доколку нема доверба и почитување.

Од друга страна, невозможно е сите да имаме исто мислење, дури и ист интерес. И за оној мал напор кој ќе го вложиме за да се прилагодиме едни на други , да бидеме спремни да учиме од некого кој мисли поинаку од нас или во најмала рака да признаеме дека постои и друго вистинско мислење сепак и за тоа е потребна доверба.

Деновиве помислувам дека со можеби најбитната алка во справување со целата агонија околу нас, токму со довербата би можеле да си го олесниме постоењето и фунционирањето во овие поприлично напорни денови. Се сочуваме со тотална блокада на сите наши базични инстикти меѓу кои е да си веруваме едни на други, престанавме да бидеме колектив, а себичноста и индивидуализмот го надминаа и највисокото ниво до сега.


Дали им веруваме на луѓето околу нас и дали тие нам ни веруваат?!

Ако ме прашате дали им верувам на луѓето, веројатно прво би се запрашала – што значи довербата за мене? Во кого ќе имаме доверба зависи од тоа и како ја доживуваме довербата. Како ние ја поимуваме, замислуваме, како ja очекуваме довербата?

Најчесто ги вклучува нашите чувства, нашата перцепција и ставови. Имаме различни искуства врзани за довербата. Имаме такви кои многу брзо им даваат шанса на луѓето и безрезервно им ја нудат својата доверба, има и други кои без разлика што имаат доверба, сепак повеќе пати ги проверуваат информациите. Често пати се прашував дали тоа е всушност вистинска доверба. Сум среќавала и такви кои постојано кажуваат дека имаат доверба во луѓето, но со нивниот однос и реакција не го покажуваат тоа. Нѐ има и такви кога ускокнуваме да помогнеме со верба дека тоа е исправно дури и кога тоа не е побарано од нас, за на крај да бидеме погрешно разбрани.

Воопшто не е едноставно да ја градиш довербата. Не им е лесно ни на лидерите кои постојано мора да ја заслужуваат од своите следбеници. Довербата се гради години, а само една секунда е потребно да се сруши, изрека со која не воспитуваа од мали, а најчесто луѓето ја преживуваат на своја кожа преку лични и интимни искуства. Меѓутоа ми се чини дека во овој момент тоа се опишува преку оваа заедничка состојба со која преку различни теории на заговор или уште поапсурдни податоци, го проверуваме нашиот одбрамбен механизам за свесно да ја избегнеме реалната слика која нѐ опкружува.

И спротивно од довербата постојаното сомнение во другите луѓе, неможноста да се предадеме на довербата во целост, преставува за нас тешка агонија. Постојана тензија, запалена црвена светулка, постојано скенирање на ситуациии, изискува многу енергија која не води кон робување од стравот да не бидеме предадени.


Ги учиме ли нашите деца да не им веруваат на луѓето?

И да не ги учиме тие тоа го гледаат од нас, секој ден со секоја наша постапка, со сите наши искуства кои намерно или случајно им ги пренесуваме ним и им креираме убедувања врзани за нашето секојдневие. Исто како што и нашите родители го сториле тоа за нас, со најдобра намера да не заштитат од нивните стравови, лоши искуства, иако да бидеме искрени, тоа секојдневие видно се разликува од она што ние денес го живееме.

И баш таа доверба која ја применуваме постојано, кога бараме помош од најблиските пријатели, кога им позајмуваме пари, кога му се обраќаме на лекарот за совет, кога ги оставаме децата во градинка, кога ја симнуваме маската на сред пандемија затоа што му веруваме на соговорникот дека е безбеден. Без тоа соединение наречено доверба невозможно е да функционираме како семејство, заедница, компанија…


Си веруваме ли себе си?

Оптеретени со информациите со кои сме опкружени, верувајќи им на луѓето кои ни се во секојдвневието, веруваќи им на кажанато на експертите, си веруваме ли себе си на сопствените избори и одлуки? Можеби ретко размислуваме за довербата која ја имаме кон самите себе, но тоа е “вредноста” која си ја одредуваме сами за себе. Колку ќе тежи нашиот збор, колку ќе биде битен нашиот потег, зависи од тоа колку ние самите себе си веруваме. Нашата реалност е само огледало на нашите мисли и емоции додека секојдневно размислуваме, замислуваме, искусуваме.

Додека бевме деца сите имавме иста мисла за нашиот потенцијал кој беше неограничен, но како растевме луѓето околу нас полека но сигурно нѐ убедија дека нашиот потенцијал е органичен па ние престанавме да си веруваме во сопствените способности.

Ако ние сами не веруваме во себе, како тогаш другите треба да веруват во нас? Кога нѐ гледаат дека не бараме изговори туку упорно работиме на себе, порано или подоцна ќе ги заразиме со нашиот оптимизам.

И тогаш не треба да се изненадиме дека сѐ ни оди од рака. Што и не е некое чудо туку само потргнување на нашите ментални бариери кои не спречувале да ги забележиме и да ги искористиме сите прилики пред нас, прилики за ново учење, за напредок и постојано растење.

И трагајќи по довербата кон другите и постојано барајќи одобрување на сопствените избори и одлуки, не ни помислуваме дека најважен е моментот кога ќе си поверуваме самите на себе.

Напишете коментар