Мислев дека веќе непостои начин кој што може да ме повлече во разочарување, но деновиве повторно се потсетив дека секоја граница може да биде поместена. Во моменти на криза, во денови на збуричкани емоции, мојата рационална свест повторно беше вовлечена од моето убедување дека луѓето кои ме опкружуваат имаат високо развиено чувство на емпатија.Разочарувањето е мајка на нашите очекувања. Денови наназад ми се провртуваше оваа реченица низ глава, некаде ја прочитав или случајно ја видов, па ме наведе на подлабоко размислување на темава. Веројатно ме погоди суштината зошто сум една од оние кои многу се даваат во релациите со луѓето, од оние кои одвојуваат многу време од сопственото…
Најпопуларни блогови на Д-р Пехчевска |
Дали и ти си “контрол фрик” – што ни носи контролата и самоконтролата
И ти си “контрол фрик”, ете така народски би си искоментирале измеѓу себе, признавајќи некој повеќе некој помалку дека имаме потреба да ги контролираме работите околу себе. Од каде ли ни доаѓа таа потреба, дали ни е корисна и што всушност сакаме да постигнеме со контролата на работите околу себе? Во последно време се наоѓам во многу чести ситуации кои ме навлекуваат да размислувам подлабоко на овие прашања, за контролата што сакаме да ја поставиме кон животот, над однесувањето на нашите најблиски, соработници, семејство или пријатели. Можеби не баш случајно во ова време темава да се наметнува како актуелна и интересна поврзана со чудното секојдневие кое го живееме,…
Доверба во буквална смисла на зборот!
Од денес почнувам со нов режим на исхрана, имам потполна доверба во мојот тренер дека ќе ослабнам Зборував со пријателката – имам потполна доверба дека ја зборува вистината! Моето дете никогаш не ме лаже, имам потполна доверба во него! Забарот вели дека треба да ги обелам забите, му верувам дека е во право! Ова е нашето секојдневие, свесни или не свесни постојано некому даваме прилика во споделувањето на нашите најитимни моменти, да биде дел од нашиот свет во кој креираме иднина, лекција или потврда на сопствените одлуки. Овие денови често размислувам за довербата. Секако дека сум размислувала и пред пандемијата, но сега ми се наметнува прашањето околу искреноста…
Разбуди го лидерот во себе
Ќе биде вистина ако се каже дека секој од нас не може да биде лидер. И тоа е сосема во ред. Од друга страна, многумина од нас се лидери иако за тоа не се свесни. Постојат многу лидери кои се скриени во својот свет, без никогаш да бидат откриени и јавно признати. Затоа го поставуваме прашањето – како го разбираш лидерството и зошто? Дали би можел и ти да се замислиш како лидер? Веројатно секој од нас воден од својата интуиција има претстава што значи да бидеш лидер. Имено, суштината на лидерството е во влијанието врз другите луѓе, врз групата, тимот, така што однесувањето на лидерот треба да…
Новогодишни желби или одлуки: Од очај до благодарност
Многумина од нас никогаш не ни размислувале дека клучот за исполнувањето на новогодишните ветувања и желби е токму во нас Се ближат празниците, кога сите сме исполнети со зајакнати емоции, со проверка на нашите постигнати успеси, кроиме желби и планови за следната година. Имаме можност како никогаш досега да провериме колку цврсто стоиме на нозе и да си ги подредиме вистинските потреби по приоритет. Да размислиме подлабоко што сакаме и кон што се стремиме, а најважно од сè – колку сме истрајни во тоа. Најсвечените ветувања обично си ги даваме пред крајот на годината, кога целата празнична еуфорија нè потсетува дека треба да промениме некои навики, нешто да…
Факти или секојдневие: Ќе научиме ли вистински да дебатираме и да се разбереме како луѓе?
Во основа ние не се однесуваме според некоја апсолутна вистина или докажан факт, туку сме водени од нашите убедувања, предрасуди кои, пак, се креирани од нашите претходни искуства, стравови, влијание кое го имаме од околината, родителите, а особено од медиумите и круговите во кои се движиме Дебати на сите страни, се разговара мирно или се караме гласно, со или без факти, секој си верува во својата вистина. Во јавноста сечија перцепција е реалност. Секој си турка своја верзија од приказната како да е непобитен факт она што ќе го чуеме или видиме околу нас. И, секако, нема логика за сè да правиме детални истражувања, за тоа што е…
Едни се клеветат, други се исмејуваат, трети ринтаат, четврти очајуваат. Никако да ни текне да си подадеме рака!
Живеeме во свет во кој секој од нас има единствено искуство како поединец кој никако не може да биде изземен од целината која се нарекува заедница. Секој од нас има живописно детство кое нè обликува и гради, семејство кое нè насочува, пријатели кои нè потикнуваат, а ние сме тие што ја носат конечната одлука за нашите постапки. Единствено ние самите одбираме што сакаме да постигнеме во животот. Во различни животни фази им даваме приоритет на различни луѓе, во зависност од тоа во која фаза на развој сме. Како самите се развиваме, така се развиваат и нашите пријателства, се менуваат, а некои и завршуваат. Некогаш одбираме пријатели кои ни…
Моето его, мои правила, игра на земање и губење
Го спомнуваме егото многу често, во различен контекст, со различна намена. Ни се случува да критизираме дека некој има големо его. Свесни ли сме за улогата на нашето его и што тоа ни носи, а што тоа ни одзема? Секако неможеме да живеме без нашето его зошто тоа е всушност сликата која самите ја носиме за себе си. Може да биде грандиозна, со преголеми или премали димезии, балансирана со опркужувањето или не балансирана, но секако е незаменлив и корисен дел од нашето битие. Егото често завзема улога на наш советник кој поставува прашања, а често и сам одговара на истите, за што понекогаш и самите не сме свесни….
Заплеткани во магичниот круг на благодарноста
Во последно време размислувам како околу нас сѐ повеќе провејува чувството на бес, несреќа, загриженост и тага. Сигурна сум дека не е случајно, но упорно барам начин да си го објаснам тоа. Не е толку тешко да се претпостави со оглед на сите бури кои нѐ предизвикуваат, но сепак никако лесно не можам да прифатам дека тоа треба да ни биде новиот стил на живот. Денес е многу лесно да се внесеш во лоша емоција, дури не треба ни да се потрудиш повеќе. Ни се сервираат тажни вести, нѐ опкружува фрустрацијата, од секаде надзира неправдата, немоќни сме да си ја најдеме среќата. Дали е тоа вистински така? Дали…
Ќе трчаме шпринт или маратон?
Денови во ова чудно секојдневие, почнуваат со редовна рутина и навики кои ги практикуваме вообичаено. Скоро и да не постои посебна желба за некоја промена, очекувањата се многу лимитирани, не притиска агонијата и неизвесноста. Имаме многу желби, а нивното остварување ни изгледа недостижно. Имаме многу планови, а нивната реализација сме ја свеле на минимум. Вообичаени исти активности секојдневно ни се повторуваат во бесконечен магичен круг. Дали ова е реалноста во која живееме? Дали конечно признаваме дека е дојдено времето за нова одлука, одлука за промена во нашите дневни рутини? Можеме ли да се прилагодиме на ова ново време, на новите предизвици, на новите навики кои не ги избравме…