Кога зборуваме за успешноста во нашите животи или кога креираме одредени стратегии за да оствариме некоја важна цел, најчесто зборуваме за тоа колку мудро сме потстапиле, но ретко кој ја споменува емоционалната компетентност. Истовремено во нашата секојдневна комуникација често знаеме да кажеме дека при носење на одредени одлуки се потпираме на нашата интуиција. Што всушност ни кажува сето ова? Знаеме ли колку влијание има овој сегмент во нашата секојдневна функционалност, успешност и рамнотежа? Емоционалната интелегенција е најважниот сегмент кој директно влијае на нашиот индивидиуален и општествен успех. Станува збор за вештина која за среќа се стекнува и развива во текот на животот. Таа вештина ни носи освестување во…
















Најпопуларни блогови на Д-р Пехчевска |
Да тоа сум јас – Што ми носи самодовербата?
Сигурно во најблиското опкружување можеме да забележиме голем број воспитани, чувствителни, образовани и добронамерни луѓе, а кои се несигурни во себе. Можеби и самите се препознаваме во описот. Невозможно е да не се запрашаме, што е тоа што ги прави несигурни сите овие луѓе со огромен потенцијал во себе? Што ги спречува овие луѓе да ги остварат своите цели, а кои на изглед имаат сѐ што е потребно? Зошто остануваат засенети целиот свој живот? Искрено сакам да верувам дека сме сите родени со почетна доза на самодоверба, но истата е задушена и недоволно развивана при усвојување на штетниот концепт на споредување со другите. Од мали нозе нѐ учат…
Можеме ли да летаме низ животот?
Секојдневно правиме одредени избори, секој час, секој ден, а со тоа си ја креираме и сопствената иднина. Дури и во овој момент, вие правите избор дали ќе го читате овој текст, дури и уште повеќе од тоа, дали нешто навистина ќе примените, или какви промени ќе направите во својот живот. Навикнати сме да размислуваме, да анализираме па дури и да претераме во истражувањата кога носиме одредена одлука или правиме некаков избор. Така и не учеа дека треба прво три пати да премериме, за еднаш да пресечеме. И сигурно е дека е така, но зошто кога еднаш ќе пресечеме повторно се навраќаме и ја анализираме нашата одлука? Доколку тоа…
Бидете она што сакате да бидете!
Единствено што дава резултат во животот е да се биде она што вистински сме. Сите останати варијанти произведуваат незадоволство и гнев. Можеби не секогаш е видливо за да го воочиме лесно, но во нашата внатрешност тоа се одржува и се појавува низ животот. Гледајќи низ моите животни одлуки и низ одлуките на луѓето со кои се дружам и работам, кога и да е направен компромис со нашето вистинско јас, последиците се очигледни. Порано или подоцна тие излегуваат на површина. Што сакам да бидам кога ќе пораснам? Прашање кое многу често ни го поставувале кога сме биле мали и сега од забава им го поставуваме на нашите деца. И…

Предизвик за сопствена среќа
Секојдневно слушам и се соочувам со многу чести изреки дека сме во постојана борба. Борба за подобар живот, за среќа, успех, за здравје, љубов и уште еден куп други работи. Дури и себеси се фатив како некогаш гласно извикувам “еве се бориме”, “еве војуваме” , со цел да објаснам дека се прават максимални напори да се постигне одредена цел. Соочени со различни животни предизвици, успеси и падови, луѓето имаат стекнато мислење дека животот е борба и дека победата е главната цел. Во основа животот никогаш не бил замислен така. Зошто светот би бил вечно боиште, а луѓето пoстојани војници? За секого од нас реалноста е различна со различни…
Животна игра и улогите во животот
Во последно време многу често размислувам за улогите кои ги играме во животот и нивната важност во нашите животи. Кога мислиш дека знаеш многу, па наеднаш ќе разбереш дека има уште многу повеќе начини и перспективи низ кои можеш да гледаш на некој проблем. Всушност тоа е убавината на овој живот, можноста постојано да откриваме нови видици и нови искуства. Дали улогите се важни во нашите животи и зошто? Баш неодамна ми се наметна нешто што ме инспирираше да пишувам на оваа тема. Во неврзан разговор со мојата пријателка, ми спомна дека таа верува дека засега успешно се справува се целава кризна ситуација, но сепак по завршување на…
Криза, за некои закана, за други шанса
Кризата е блиску до нас и директно не напаѓа. Со почетокот на 21виот век, човештвото се соочува со проблем на сопствениот опстанок не само поради опасноста од војни туку и поради очајничките трки за профит кои и прават ненадоместлива штета на природата. Денес сме сведоци на едно ново кризно време, време во кое кризата е блиску до нас, директно нѐ напаѓа и полека нѐ уништува. Кризата ја чувствуваме не само здравствено, туку и општествено, економски, политички и итн. Кризата е збор кој во последно време најчесто се користи нѐ само кај економистите туку и кај политичарите, социолозите, психолозите. Криза во основа значи опасност, но за оптимистите значи и…
Имаме ли резервен план во случај на криза?
Многу веројатно овие денови сите сме во прашалници како побрзо да излеземе од оваа криза, што понатаму, како да се справуваме со оваа новонастаната ситуација? И без да бидеме прашани дали сакаме или не, излезени од нашата комфор зона наоѓаме сопствен начин да се справиме со кризната ситуација. Оваа пандемија сите ќе нѐ натера да си го покажеме своето вистинско лице. Кога ќе го остраниме тенкиот слој на љубезноста, културното однесување, општествените пристисоци и норми, тогаш почнуваат да се надзираат нашите пориви, мотивации, приоритети и тогаш конечно излегуваат на површина нашите вистински релации со сите луѓе околу нас. Одеднаш неочекувано, веќе немаме трпение да толерираме сѐ и сешто,…