Моето его, мои правила, игра на земање и губење

Го спомнуваме егото многу често, во различен контекст, со различна намена. Ни се случува да критизираме дека некој има големо его. Свесни ли сме за улогата на нашето его и што тоа ни носи, а што тоа ни одзема?

Секако неможеме да живеме без нашето его зошто тоа е всушност сликата која самите ја носиме за себе си. Може да биде грандиозна, со преголеми или премали димезии, балансирана со опркужувањето или не балансирана, но секако е незаменлив и корисен дел од нашето битие.

Егото често завзема улога на наш советник кој поставува прашања, а често и сам одговара на истите, за што понекогаш и самите не сме свесни. Тоа не води, движи, мотивира или демотивира, ги креира нашите релации, однесувње, животи…Тогаш се поставува прашањето што е тука лошо и зошто егото ни смета? Можеби е невозможно веднаш да го пробиеме одговорот, но всушност одговорот е во тоа што нашето его, всушност не сме вистинските ние! Тоа не е нашата свесност или како сакаме веќе да ја наречеме, туку е прозивод на една слика која е креирана низ искуствата од нашиот живот. Слика за нашите убедувања, нашите воспитувања, прифаќања од околината и се она во што веруваме дека е добро или лошо. И тогаш разбираме дека нас всушност не советува нашата околината, а на тој начин ни го креира и животот.

Слушајќи многу мотивациски говорници кои констатно не учат како треба да размислуваме позитивно, постојано да креираме насмевка да се куражиме цврсто дури и кога не ни е баш до тоа, кај мене се пали сијаличката на моето его. Сите зборови кои се поврзани со треба, мора буди обратна реакција од она што веројатно многумина би ја очекувале. Свесно го набљудувам овој процес веќе некое време и разбирам дека многу поважно е да сум свесна за црвената боја на сијаличката на моето его, одколку таа да е постојано запалена или изгасена.

Во основа тука е суштината. Во нашата свесност за нашето его и во неговото прифаќање. Егото во нас има своја улога која треба да ја прифатиме и сигурно е да ја засакаме. Сега веројатно следи прашањето како? Одговорот е многу поедноставен. Кога ќе спознаеме кои сме, кои се нашите вистински вредности, која е нашата личност, а не нашето тело, кои се нашите мани и предности, нашите постапки и реакции, тогаш нема да мораме или требаме, туку еднставно ќе знаеме дека се прифаќаме, и се сакаме себе си. По потреба и да го промениме она што го носиме за да останеме во рамнотежа со себе си и со околината.

Сите ние лесно би сакале да промениме нешто, но по можност со тоа ништо посебно да не менува во нашиот живот. А пак за да направиме вистинска промена треба да бидеме спремни на храбар чекор. Сите ние имаме потреба од промена, промена на нашата личност, осносно, прмена на нашите убедувања кои не ни служаат врз основа на кои ја темелиме нашата реалност. Тоа е промената која ни овозможува да не си стоиме на патот и да си дозволиме да ги живеме своите полни потенцијали.

Зошто на луѓето промените на себе баш не им одат од рака лесно?

Затоа што нашето его пружа отпор. Тоа е во нашата природа, а промената значи отпуштање на познатото и влез во нешто непознато. Односно отпуштање на контролата на веќе познатите реакции, навики и однесувања. Нашето его сака да има контрола на познатото и затоа тешко ни паѓа секоја промена.

Сега повторно можме да си го поставиме прашањето дали имам големо его, или од мене зборува само моето его креирано од сопствено убедување за тоа што значи да имаш големо его? Дали сум спремен/а да се впуштам во нови навики, нова утринска рутина, нов предизвик, нов животен стил, или моето его сеуште ја контролира мојата комфорна зона?

Дали сите за кои често велиме дека имаат големо его, имаат способност да го менуваат својот идентитет, да растат, да се развиваат, да се прилагодуваат на новите времиња и трендови? Тие можеби се арогатни, безобразни, себични или надмени, но дали во основа тие го контролираат своето его или тоа ги контролира нив?

Често се прашуваме, зошто луѓето не направат одредена промена за која знаат дека им е итно потребна, свесни дека постоечката состојба не е добра за нив? Затоа што се поистоветуваат со својот идентитет, со она што веќе го стекнале, што го работат, со нивното стекнато образование. Затоа што нивното его не им дава можност за промена, за работа на себе, да развијат свесност на своите недостатоци и труд и мотивација истите да ги надминат. Егото се плаши од непознато и ако почнеме да се чувствуваме или однесуваме поинаку, односно различно од она што самите сме навикнале или веќе и е познато на нашата околина, веднаш добуваме аларам од нашето его и ни станува непријатно.

Да се признаат своите грешки, е една од најтешките работи кои еден човек може да ја направи. А да се научи од истите е уште потешко. Без разлика дали се наши грешки или се туѓи кои влијалеле на нас, со тек на време најдобро е да ги разбераме како благослов а не казна. Тоа всушност ја креира моќта на нашата сопствена промена. Препознавањето на лекцијата и новата перспектива која ни ја нуди истата е еднакво на препознавање на својата сила да се охрабриме да живееме како што ние сакаме, а не како што мораме.

Некои од нас, сепак ќе останат да мируваат, да спијат со отворени очи, да бидат набљудувачи на својот живот, наместо креатори на истиот. Можеме да им помогнеме да луѓето да прогледаат, но некои сепак ќе преферираат да спијат. Среќаваме различни луѓе секој ден, со некои од нив секојдневно си поигрува нивното его. Но и други кои еднаш барем во животот ќе се разбудат и повторно ќе сонуваат, но со широко отворени очи, ослободени од сопствените стравови, растеретени што другите мислат за нив неубедувајќи ги дека нивниот начин е исправен, затоа што едноствано немаат потреба од тоа. И онака другите или ќе го прифатат или ќе го игнорираат тоа. Некои нам ќе ни бидат лекција, а на некои ние ним, битно е да не застанеме онаму каде што денес стоиме.

Напишете коментар