Со индивидуалните коучинг сесии клиентот се потикнува да ја развие личната самосвест во насока на остварување на лични и професионални цели, при тоа користејќи ги сопствените ресурси и потенцијали.
Индивидуалните сесии се користат во различни ситуации и се практикува како за личен така и за професионален развој, од луѓе кои се на високи раководни позициии во бизнис компании па се до оние кои сакаат да развијат лични вештини и да постигнат решение на одреден проблем во приватниот живот.
Специфичности:
- Индивидуалните коучинг сесии се одржуваат во согласност со стандардите на најпрестижното светско здружение за коучови ICF (International Coach Federation).
- Времетраењето на индивидуалната коучинг сесија трае во просек од 60тина минути, додека во просек еден коучинг проект се препорачува да содржи 10 сесии.
- Коучинг сесиите се одржуваат и он – лајн преку социјални мрежи, Skype, Viber, What’s up итн.
Очекуван резултат
Како резултат од индивидуалните коучинг сесии, клиентот ја остварува целта која е поставена на самиот почеток на сесијата или остварува значајно поместување при исполнување на зацртаната цел во својот проект.