Повеќе од 17 години професионално искуство со холистички пристап како менаџер, експерт и консултант во земјите во Западен Балкан. Докажани способности, вештини и знаења за менаџент на човечки ресурси, организациски развој, стратешко планирање.
Мирјана Пехчевска Поп-Илиев е доктор по економски науки (организациски развој) и магистер за менаџмент на човечки ресурси, диплома која ја стекна на Државниот Универзитет “Св. Кирил и Методиј”,
Од областа на неформалното образование Мирјана Пехчевска Поп-Илиев поседува глобално признаени меѓународни сертификати и истите и практично ги применува:
- Советник и обучувач на советници за кариерен развој (Global Career Development Facilitator и Trainer) GCDF
- Oбучувач за SDI (Strengths Deployment Inventory) – за зајакнување на релации и решавање конфликтни ситуации
- Сертификат за овластен практикувач од Адижес Институтот за Улоги и стилови на менаџирање по Адижес ADIZES методологија
- Сертификат за Професионален обучувач за обучувачи на возрасни со Решение бр. 11-9948/6 од Министерство за образование и наука на РМ.
- Од 2018, Д р Пехчевска има престижна специјализација за коучинг на програмата “Art and Science of Coaching” (TASC) при Ericson Coaching College од Торонто, Канада, која поседува „Златен Стандард“ при Меѓународната коучинг федерација (ICF).
Д-р Пехчевска Поп-Илиев има огромно искуство во областите на менаџмент на програми и проекти, обуки за менаџмент вештини, обуки за развој со приватни и државни институции и донаторски институции, организациско зајакнување преку развој на планови за јакнење на капацитетот, стратешко планирање, развој и спроведување на обуки за развој на човечки вештини и организациски структури.
Таа поседува големо професионално искуство како консултант во Меѓународни донаторски организации како Европска Унија, УСАИД, СИДА, East West Institute итн.,спроведувајќи и управувајќи проекти во улога на Проектен и Програм Менаџер, Обучувач за ЧР, Менаџер за ЧР, Експерт за јакнење на капацитети итн. Претходно во нејзиниот професионален ангажман, таа беше вклучена и развила голем број стратешки документи и истражувања од областа на човечки ресурси. Исто така како обучувач таа разви и спроведе голем број на обуки на различни теми, со најголем фокус на подобрување на човечки лични вештини и организациски развој.
Во 2010 година учествуваше во основањето на АСК, беше Претседател на Управниот одбор (2014-2016) и денес е член на Управниот Одбор на Асоцијацијата на Советници за развој на кариера (АСК). Активно е вклучена во сите активности како индивидуално и групно советување и сите проекти поврзани со развој на кариера во рамки на асоцијацијата.
Во 2014 година ја основаше Фондацијата за промоција на иновативно учење, едукација и личен развој – STEM Academy чија цел е креирање на иновативен пристап во образованието препознатлив по иновации, програми, методологии и технологија кои се користат во едукацијата, како и развојот на лични вештини релевантни за сите кои сакат да бидат подготвени за предизвиците кои ги носи 21-виот век. Од 2014 -2016 беше нејзин прв Извршен директор, а денес во улога на почесен Претседател.